Известувачот за Македонија во ЕП, Томас Вајц, ги искара бугарските пратеници кои го киднапираа извештајот за домашни цели. Ја пофали Македонија како лидер на Западен Балкан по реформите, нагласувајќи дека проширувањето треба да биде процес базиран на заслуги, врз основа на Копенхашките критериуми и ја повика Македонија да ги спроведе потребните реформи. Потенцираше и дека нејзиното пристапување е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови, поттикнувајќи ја јавната фрустрација и разочарување од ЕУ.
– Денеска го усвоивме првиот извештај за земјата од 2022 година. Македонија е лидер во регионот, покажувајќи вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на името и смели реформи. Но, нејзиното пристапување е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови, поттикнувајќи ја јавната фрустрација и разочарување од ЕУ. Извештајот нагласува дека проширувањето треба да биде процес базиран на заслуги, врз основа на Копенхашките критериуми и ја повикува Македонија да ги спроведе потребните реформи. Ги повикувам сите политички партии во Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус, што би го зајакнал мултиетничкиот карактер на земјата и би го забрзал напредокот во ЕУ. Како известувач, неуморно работев за добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот напредок на оваа земја. За жал, некои бугарски европратеници го киднапираа извештајот за домашни цели – изјави Вајц во Европарламентот.