Утрово, ненадејно, на 61-годишна возраст почина познатиот штипски спортски работник Јованчо Пилешков.
Пилешков во минатото беше фудбалски судија, фудбалски делегат, а ја извршуваше и функцијата секретар на ФК Кожуф од Гевгелија. Познат е на штипската спортска јавност како голем фудбалски познавач и вљубеник во штипска Брегалница.
Тој е татко на познатиот фудбалски судија Димитар Пилешков.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре (понеделник) во капелата во Штип од 12:00 до 13:00 часот.