Утрото ќе биде студено со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје утрото во делови од котлината ќе биде со појава на магла и студено, а преку денот ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени.
До петок ќе се задржи стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, освен во вторник кога во вечерните часови во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониски температури.
Од петок попладне, под влијание на циклонска активност, ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Tagged as:
време македонија сонце
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
