Утрото денеска ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, известува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Најниските утрински температури ќе изнесуваат од -1 до -10 степени Целзиусови, а дневните максимални температури ќе изнесуваат од 4 до 10 степени Целзиусови.
Ќе дува слаб до умерен променлив ветар.
Во Скопје наутро ќе биде студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.