Утрешниот ден ќе биде еден од најжешките ова лето

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Утрешниот ден ќе биде еден од најжешките ова лето. Според најавите на метеоролозите, Македонија ја очекува сончево и исклучително топло време, со температури кои ќе достигнат речиси 40 степени Целзиусови, особено во Скопје и Гевгелија.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде стабилно – сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој нема значително да придонесе за разладување.

Минималните утрински температури ќе се движат од 10°C во Берово до 19°C во Гевгелија. Дневните ќе достигнат од 29°C во Маврово, до дури 39°C во Гевгелија и во Скопје.

Во главниот град Скопје исто така ќе биде многу жешко. Максималната температура ќе се движи околу 39°C, а минималната ќе биде околу 18 степени.

– Утрешниот ден носи високи температури кои може да бидат опасни, особено за постарите лица, хронично болните и децата. Препорачуваме избегнување на директна изложеност на сонце од 11 до 17 часот и внесување на доволни количини течности – предупредуваат од УХМР.

Лекарите, пак, апелираат граѓаните да останат во затворени простории со климатизација, а доколку излегуваат надвор – да носат светла облека, капа и да не забораваат на водата.

Share This Article