Топ Вести - Слушај сега
Уште пет смртни случаи на повозрасни жени и еден обид за убиство се ипитуваат од истражните органи за да се види дали се дело на серискиот убиец во кумановско Старо Нагоричане, за кого засега има сериозни индиции дека извршил најмалку две убиства и еден физички напад врз постара жена во кумановското село Челопек, објави Телма, повикувајќи се на извори блиски на истрагата.
Извори од истрагата рекле дека имаат сигурни докази дека 25-годишниот Т.Б. од село Драгоманце е извршител на убиството на 78-годишната М.С од Старо Нагоричане. Се совпаднале ДНК анализите кои биле пронајдени на лице место, со неговите примероци. Други детали не се откриваат, како ни тоа дали е утврдено дали тој ги силувал жртвите.
Мештаните на терен раскажуваа дека неколку жени биле пронајдени мртви во своите домови и биле полуголи, а една од нападнатите која преживеала, тврдеше дека се обидел и да ја силува. Обвинителството се посомнева за уште еден случај на почината помлада жена во нејзиниот дом, па нејзиното тело беше откопано и дадено на обдукција. Од обвинителството официјално велат дека се земаат огромен број докази за да се расчистат сите настани.
„Осомничениот е обезбеден и во следните денови ќе следи негова психијатриска проценка од тим на експерти. До овој момент вештиот наод од извршената обдукција на ексхумираното тело не е доставен до јавниот обвинител. Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите“, соопштуваат од Основно јавно обвинителство Куманово.

Според неофицијалните информации на Телма, се истражуваат пет случаи на мртви повозрасни жени и еден обид за убиство. Сите се случиле некаде од летото лани, па сè додека беше уапсен осомничениот. Но, се отвори прашањето зошто никој не преземал ништо, и покрај тоа што Т.Б. важел за проблематичен, нападен, агресивен, уште како средношколец.
Телма дојде и до профилот на осомничениот сериски убиец од кумановско Старо Нагоричане на социјалната мрежа ТикТок, каде бил релативно активен. Од него може да се утврди дека станува збор за крупен 25-годишник кој се занимава со чување овци, а живеел во Драгоманце.
Тој објавувал и детали од неговиот приватен живот, а на едно од видеата се гледаат и мајката и очувот со кои живеел, но и заедничка фотографија со останатите членови на семејството, односно децата на неговиот очув.
Последното видео кое го објавил е со датум од 9 февруари, ден пред да биде пронајдена последната негова жртва, 78-годишната Мира С. од Старо Нагоричане. По ова тој беше уапсен и ставен во притвор. За неа, пак, обвинителството тврдеше дека е убиена во периодот од 29 јануари до 10 февруари. Точниот ден не се знае, бидејќи таа живеела сама, а нејзините деца се во странство.
Во овој период осомничениот бил доста активен на ТикТок, речиси секој ден се снимал, а на едно видео симулирал дека го брка и полиција. Има и неколку видеа на кои наредил банкноти на масата, се фалел со парите, а обвинителството се сомневаше дека ги ограбувал жртвите.
Tagged as:
за кого засега има сериозни индиции дека извршил најмалку две убиства и еден физички напад врз постара жена во кумановското село Челопек Уште пет смртни случаи на повозрасни жени и еден обид за убиство се ипитуваат од истражните органи за да се види дали се дело на серискиот убиец во кумановско Старо Нагоричане
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
