Папата Франциско имаше добра ноќ и продолжува да одмара, соопшти утрово Ватикан.
Канцеларијата за печат на Светата столица во саботата наутро издаде кусо соопштение за здравствената состојба на папата Франциско.Ноќта помина мирно, папата почива“, напишаа тие.
Состојбата на папата е стабилна последните денови. Тој од Денот на вљубените се лекува од двојна пневмонија во болницата Гемели во Рим.
Во петокот вечерта прес-службата соопшти дека Папата го поминал денот во молитва, одмор и работа, а неговата респираторна физиотерапија продолжува. „Во текот на денот, Папата користи назални канили за високопроточна оксигенација, додека ноќе користи неинвазивна механичка вентилација“, напишаа тие.
Повеќе информации се очекуваат во сабота навечер.