Уште 11 лица, службеници, вработени и раководни лица од Управата за јавни приходи и од Државен пазарен инспекторат се опфатени со проширената истрага поврзана со пожарот и работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.
Дел од лицата се уапсени, а против сите се покренати кривични пријави за разни кривични дела, од злоупотреба на службена положба, примање поткуп, до фалисификување исправи.
11-те лица опфатени со проширената акција на МВР се товарат за следните дела:
– Д.П. од Штип се товари за кривични дела „Примање поткуп“ по член 357 од КЗ и „Оддавање службена тајна“ по член 360 од КЗ – ќе се бара притвор – УЈП Штип – живее во Штип – лишен од слобода
– Д.Д. за кривично дело „Примање поткуп“ по член 357 од КЗ и Примање награда за противзаконито влијание по член 359од КЗ – ќе се бара притвор – УЈП Штип – живее во Штип – лишен од слобода
– М.Ј. за кривично дело „Давање поткуп“ по член 358 од КЗ и Давање награда за противзаконито влијание по член 358 -а од КЗ – Пулс Кочани
– Д.Ч. за две кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и кривично дело „Фалсификување службена исправа“ – УЈП Струмица – живее во Гевгелија.
– А.Ч. за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и кривично дело „Фалсификување службена исправа“ по член 361 од КЗ – УЈП Струмица – живее во Гевгелија – лишен од слобода.
– А.К. за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и кривично дело „Фалсификување службена исправа“ по член 361 од КЗ – УЈП Струмица – живее Струмица – лишен од слобода.
– А.Ч. за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ и кривично дело „Фалсификување службена исправа“ по член 361 од КЗ – УЈП Струмица – живее во Валандово.
– Н.Т. за кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од КЗ – УЈП Штип – живее во Штип – лишена од слобода.
– Александар Кангалов за кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од КЗ – УЈП Штип – живее во Штип – лишен од слобода.
– В.К.– ДПИ – за кривично дело „Оддавање службена тајна“ по член 360 од КЗ – ДПИ – живее во Кочани.
– Д.Ј. за кривично дело „Фалсификување исправа“ по член 378 став 4 од КЗ – Пулс Кочани.



























