Background

Ураганот Ерин се движи со неверојатна брзина кон САД

Метеоролозите предупредуваат дека ураганот Ерин се движи кон Источниот брег на САД, заканувајќи се со крајбрежни поплави, опасни по живот бранови и деструктивни бранови високи до 100 стапки.

Ураганот првиот од атлантската сезона 2025, нагло се засили во текот на викендот и во саботата достигна статус на категорија 5, најсилен на скалата Сафир-Симпсон. По краткото слабеење, повторно се здоби со сила и сега е ураган од категорија 4 со ветрови од околу 130 милји на час, објавува „Лајв Сајанс“.

Според најновите информации од Националниот центар за урагани (NHC) објавени денес, бурата моментално се наоѓа источно од Бахамите и се очекува да помине помеѓу Бермудите и Источниот брег на САД до средината на неделата.

- Advertisement -
Ad image

Иако не се очекува Ерин да стигне до копно, неговата сила ќе претставува сериозна закана за крајбрежните области.

Националната метеоролошка служба вчера издаде предупредување за крајбрежни поплави, кое би можело да започне утре. Островите Аутер Бенкс во Северна Каролина се сметаат за особено ранливи, а округот Дир прогласи вонредна состојба и издаде задолжителна наредба за евакуација на островот Хатерас.

Метеоролозите предупредуваат дека минувањето на силна бура може дополнително да ги зајакне брановите и да ги подигне до екстремни височини.

– Најновата прогноза покажува дека брановите би можеле да достигнат просечна висина од повеќе од 15 метри, додека некои би можеле да бидат повисоки од 30 метри – изјави за „Њузвик“ Жан Бидлот, научник во Европскиот центар за среднорочни временски прогнози.

Како ураган од категорија 4, Ерин се смета за голема бура со ветрови од 209 до 251 километар на час што би можеле да предизвикаат „катастрофална штета“. Бурата опфаќа голема површина, со ветрови со сила на ураган што се протегаат до 370 километри од нејзиниот центар.

Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA) објави видео од „окото“ на ураганот кое брзо стана вирално. „Тркачите на бури“ на NOAA, специјализирани екипи во кои се вклучени метеоролози, ги спроведуваат овие ризични мисии за собирање податоци во ураганите и тропските бури, кои се користат за давање поточни прогнози и предупредувања од страна на NHC.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation