Background

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да го намали бројот на клубови во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) од 12 на 10, почнувајќи од сезоната 2026/27

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да го намали бројот на клубови во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) од 12 на 10, почнувајќи од сезоната 2026/27.

Одлуката беше донесена на последната седница на Управниот одбор на ФФМ, а целта, како што беше посочено, е зголемување на конкурентноста и квалитетот на натпреварите.

Истовремено, реформи ќе има и во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), каде што од сезоната 2025/26 ќе се натпреваруваат 14 екипи наместо досегашните 16.

- Advertisement -
Ad image

ФФМ формира и специјална комисија составена од Агим Ибраими, Игор Франговски и Сашо Здравевски, која ќе спроведе дополнителна анализа и ќе даде конечни предлози за системот на натпреварување, начинот на промоција и испаѓање, како и другите технички детали.

Од Федерацијата најавуваат дека ќе се води сметка за интересите на клубовите, но и за квалитетот на натпреварите, финансиската стабилност на тимовите и развојот на младите категории.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation