Српската полиција во Обреновац трага по автомобил „фиат пунто“ кој го украл маж од бензинска пумпа, пренесува српски Телеграф.
Во моментот на крабежот, во автомобилот имало 12-годишно девојче.
Телеграф пренесува дека 26-годишна жена управувала со автомобилот на нејзиниот татко со девојчето во него, и застанала на бензинската пумпа.
Во еден момент отишла да плати за гориво, оставајќи ги клучевите и девојчето во автомобилот, а непознат маж го искористил невниманието, влегол во автомобилот и избегал. Девојчето успеало да скокне од возилото.
Девојчето не било повредено при овој инцидент. За случајот било информирано и обвинителството, а полицијата ги гледа надзорните камери за да го најде сторителот на ова дело.