Украинците погодија рафинерија, во Одеса изгоре бензинска

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Повеќе од половина од домашното производство на природен гас во Украина било избришано од руските ракетни и дронски напади во ек на подготовките за зимата. Москва погодила над 60% од капацитетите за екстракција, анализира Блумберг.

Нападот на 3 октомври вклучувал 35 ракети и 60 дронови врз региони како Харкив и Полтава, се вели во статијата. Компанијата „Нафтогаз“ го нарекла овој напад „најмасовен досега врз гасната инфраструктура“, пренесува „Киев Индепендент“.

Следеле уште неколку напади, со нови оштетувања на топлински станици и други постројки. Според министерството за енергетика на Украина, Киев сега планира да увезе 4,4 милијарди кубни метри гас до март, со трошок од околу 2 милијарди евра.

 

 

Нападната мега-постројка на Лукоил

Додека руските напади продолжуваат да ја поткопуваат украинската енергетска безбедност, Киев одговорил со удари длабоко во внатрешноста на Русија. На 10 октомври беше објавено дека Украинците ги погодиле постројките на Лукоил во Котово, 600 километри од границата, при што избувнал голем пожар. Иако Москва тврди дека соборила 19 дронови, гувернерот на Волгоградската област признал оштетувања на повеќе објекти.

Според локалните канали на Телеграм, гасната централа Лукоил-Коробковски во градот Котово се запалила.

 

 

- Advertisement -
Ad image

Гори Одеса, Русите се одмаздуваат

Руско-украинската енергетска војна ескалираше со напади и контраудари насочени кон енергетски постројки и гасоводи. Двете страни го користат енергетскиот сектор како алатка за притисок.

Во паралелен инцидент ноќта на 9 октомври, Русите ја гаѓаа Одеса со дронови при што петмина биле повредени. Изгореле станбени згради, административен објект и бензинска пумпа. Пожар избувнал и на локација со пристанишна инфраструктура, каде што изгореле контејнери со масло, возила и дрвени пелети. Повеќе од 30.000 корисници останале без струја.

Мапа со 2.000 цели и проблематични „Томахавки“

Според последниот извештај на Институтот за проучување на војната (ИСВ), ако Украина добие ракети од типот „Томахавк“ од САД, над 1.900 индустриски цели низ Русија, меѓу кои и рафинерии, би можеле да се најдат на удар. Тоа би ја проширило зоната на украински операции во длабочината на руската територија и би ја засилило заканата за критичната енергетска инфраструктура на Кремљ.

- Advertisement -
Ad image

САД уште не донеле одлука дали ќе ѝ испорачаат ракети со долг дострел на Украина.

Share This Article