Украински дрон ја погоди руската рафинерија Орск, во регионот Оренбург, оддалечена околу 1.400 километри од украиснко-руската граница, објави украински канал на социјалната мрежа Телграм.
Рафинеријата Орск произведва бензин, како и керозин за авионско оружје, а има вкупен капацитет за преработка на 6,6 милиони тони нафта годишно. Според украинскиот канал, погоден бил дел од преработувачката единица реновиран и модернизиран во 2014 година.
На објавената снимка се гледа како руски противвоздушни единици се обидуваат да го урнат дронот со автоматско оружје. Нападот бил извршен со беспилотните летала АН 196.