Украинец загинал вчера во близина на граничниот премин Долно Блаце откако на него налетал фолксваген голф со германски ознаки управуван од државјанин на Косово.
Полицијата соопшти дека со возилото управувал Б.С.(22) од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, а загинат е Украинецот К.М. (53) кој се движел пеш по патот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош од Косово бил пренесен во најблиската болница во Косово, каде што во 20.20 часот им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, се наведува во соопштението.
Според полицијата и возачот на „голфот“ се здобила со телесни повреди, кои му се констатирани во приватна болница во Скопје.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
