Укинувањето на зелениот картон ќе значи поголеми давачки на граѓаните при регистрација.
На ова укажа во синоќешното гостување на ТВ 21 министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која истакна дека укинувањето на зелениот картон не е цел, затоа што такво нешто ќе значи и поголеми давачки при регистрација.
– Граѓаните не ги интересира укинување на зелениот картон, затоа што тоа би значело дека би плаќале поголема регистрација, бидејќи во таа регистрација би бил вклучен и зелениот картон, независно од тоа дали ја напуштате државата или не. А, целта на Министерството е да ги заштити граѓаните од дополнителни давачки. Затоа бараме идеално решение со кое ќе бидат задоволни и граѓаните и осигурителните компании – изјави министерката.