УХМР ПРЕДУПРЕДУВА ЗА ОБИЛЕН ДОЖД, ДО 40 ЛИТРИ НА КВАДРАТ

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, со количина од над 40 литри на квадратен метар за 24 часа. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Ввремето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Најстудено ќе биде во Маврово и во Берово, со утринска температура до 7 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија и во Демир Капија, со максимална температура до 17 степени Целзиусови.

 

Фото: УХМР

 

Во Скопје утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Температурата е се движи од 9 степени наутро, до 14 степени во текот на денот,

Во следните денови под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во попладневните часови и во четврток врнежите ќе бидат со послаб интензитет.

Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд, со количина над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Локално ќе има невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.

Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат.

- Advertisement -
Ad image
Фото: УХМР
Share This Article