Полицијата уапси возачи во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и во Битола затоа што возеле под дејство на алкохол. Двајца од пијаните возачи предизвикале и сообраќајни несреќи.
„На 16.8.2025 во 12.10 часот на улицата Јане Сандански во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Е.Л.(55) од Неготино, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта“, соопшти полицијата.
Исто така завчера, во 22.30 часот, полициски службеници од Кавадарци го уапсиле И.В.(24) од Кавадарци, затоа што било констатирано дека вози под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта.
„На 17.8.2025 околу 00.45 часот на улицата Цветан Димов во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С. (49) од Скопје, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,30 промили алкохол во крвта“, соопшти полицијата.
На булеварот Трета македонска ударна бригада во Куманово, полициски службеници завчера го лишија од слобода Г.В.(48) од Куманово, затоа што возел со 1,7 промил алкохол во крвта.
„На 16.8.2025 во 22:15 часот на ул. „Св. Нектариј Битолски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.В.(48) од с.Баница, струмичко, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „фиат“ со струмички регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта“, соопшти полицијата.
Полицијата најави дека по целосно документирање на случаите, против сите пијани возачи ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик за Бeзобѕирно управување со моторно возило.