72-годишен пешак загина на лице место откако во него удри моторцикл на улицата Шар Планина во Скопје, а 22-годишниот мотоциклист е приведен и задржан во полициска станица, информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила на 30 јуни 2025 година, околу 13:45 часот, кога мотоцикл марка „БМВ“ со бугарски регистарски таблички, управуван од М.О. (22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г. (72) од Скопје. Според информациите од полицијата, од ударот пешакот починал на лице место, а смртта била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош.
– На местото на настанот веднаш беше упатена увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител. По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител, возачот на мотоциклот е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка – информираат од МВР.
Од Министерството додаваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против М.О. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tagged as:
Уапсен 22-годишник од Скопје кој со лудо возење усмрти пешак
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
