Тужба за геноцид ја тресе италијанската политичка сцена. Премиерката Џорџа Мелони ноќеска јавно призна дека Меѓународниот кривичен суд ги обвинил неа, двајца министри и шефот на военоиндустрискиот гигант „Леонардо“ за соучество во злосторства против човештвото , јави „Кориере дела Сера“.
Во телевизиско интервју, Мелони изјави дека обвиненијата ги вклучуваат неа, министерот за одбрана Гвидо Крочето, министерот за надворешни работи Антонио Тајани и извршниот директор на „Леонардо“, Роберто Чинголани.
– Јас, Крочето, Тајани и веројатно Чинголани сме предмет на тужба од МКС за соучество во геноцид. Не мислам дека постои друг ваков случај во историјата – рече италијанската премиерка.
Според документите, тужбата е поднесена од група правници, професори и јавни личности кои себе си се нарекуваат „Адвокати и застапници за Палестина“.
„Со снабдувањето на израелската Влада со смртоносно оружје, италијанската Влада станала соучесник во геноцидот и воените злосторства врз палестинскиот народ“, наведоа авторите на поднесокот.
Во повикот до судот во Хаг се бара отворање формална истрага.