Ние најчесто ја сметаме за прекрасен плевел, меѓутоа, ова моќно растение со сино-виолетови цветови нуди многу повеќе. Неговата улога во секојдневниот живот, а особено во минатото, била многу позначајна. Распространет е речиси насекаде: покрај патиштата, на ливадите и пасиштата, а некогаш се одгледувало како замена за кафето, особено во време на војна и сиромаштија. Со печење и сушење на корените на растението цикорија, богато со инулин и растителни протеини, се добива напиток со вкус и боја слична на кафето, познат како „воено кафе“ или „кафе за сиромашни“. Денес, цикоријата (Cichorium intybus), е сè повеќе ценета поради своите лековити својства.
Ја стимулира работата на бубрезите и слезината
Исто така, цикоријата е богата со бројни минерали, како што се железо, калиум и калциум, и се карактеризира со исклучително висока содржина на витамин Ц и бета-каротен. Има многу корисен ефект врз варењето на храната и, за разлика од некои други видови зеленчук, не предизвикува надуеност, туку, напротив, има смирувачки ефект врз дигестивниот систем бидејќи е многу лесна за варење.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.