Цените на нафтата денеска паднаа под влијание на очекувањата на инвеститорите за резултатот од мировниот договор меѓу Русија и Украина и новата одлука за производството што ОПЕК плус треба да ја донесе викендов.
Нафтата Брент на околу 63 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) на 58 долари за барел.
Претставникот на претседателот на САД Стив Виткоф, следната недела патува во Москва на разговори, а напредокот би можел да доведе до укинување на санкциите за руската сурова нафта.
Сепак, аналитичарите се сомневаат дека разговорите наскоро ќе доведат до договор, а многумина очекуваат дека, дури и ако се постигне договор, ќе биде потребно време за зголемување на руските испораки.
Во меѓувреме, трговците го очекуваат состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК Плус) овој викенд за понатамошни пазарни сигнали, откако групата неодамна ги запре понатамошните зголемувања на производството планирани за првиот квартал од следната година.
Цените на суровата нафта паѓа 4 месеци по ред што најдолгата низа од 2023 година како резултат на состојбата производството да ја надминува побарувачката.



























