Царинската управа поднесеа кривична пријава против две лица за криумчарење мобилни телефони „ајфон“, во вредност од 355.000 денари.
Делото е откриено на влез на граничен премин Ново Село, кога при извршен детален преглед на возилото со кое патувале осомничените, во багажниот простор се откриени вкупно пет нови „iPhone 16“, од кои три „iPhone 16 Pro Max“, како и еден употребуван „iPhone 16 Pro Max“.
Случајот е предаден во Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, од каде се преземени предистражни дејствија. Во постапката е утврдено дека првоосомничениот, по договор со второосомничениот, во негово име ги презел мобилните телефони кои претходно биле нарачани преку интернет од лице во Бугарија, за кои биле платени 5.000 евра во криптовалута.
По преземањето, телефоните биле скриени во багажниот простор со цел да се избегне царинската контрола и плаќање давачки кон државата во износ од 64.000 денари.
Телефоните се запленети, а против сторителите е поднесена кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство Струмица.