Background

Трудница преживеа брутален напад од партнерот во Грција

Трудницата Георгијана (39) од Грција, која е во третиот месец од бременоста, е хоспитализирана во болницата „Атикон“ по драматичен напад од нејзиниот партнер (43). Според полицијата и медицинските извори, мажот ја избол со вилушка повеќе пати по лицето во понеделникот навечер, поради што жената со тешки повреди веднаш била примена во болница.

Вчера ѝ била извршена операција на окото. Според информациите, видот на левото око ѝ бил вратен, додека состојбата на десното око останува неизвесна. Фетусот што го носи Георгијана засега е безбеден.

Медицинските сестри што ја посетиле жртвата на одделението, изјавија дека лицето ѝ било избодено со стотици убоди од вилушка и дека нападот можел да заврши трагично.

- Advertisement -
Ad image

– Вчера операцијата траеше повеќе од два и пол часа. Со левото око може да гледа и отворено е, додека за десното не знаеме што ќе биде. Се надеваме дека сè ќе биде во ред – рекоа медицинските сестри.

Тие го опишаа нападот како ужасен и невидено насилен.

– Чудо е што преживеа. Целото лице ѝ беше избодено. Сакал да ја убие, да ѝ го одземе животот – посочуваат медицинските сестри.

Жртвата, како што се наведува, излегла гола на улица и трчала за да си го спаси животот. Таа се јавила во итната помош околу три часот по полноќ.

Според првичните информации, нападот започнал кога 43-годишниот партнер, кој бил под влијание на алкохол, дошол во куќата на Георгијана во Нео Психико и ја прашал дали тој е таткото на детето што го носи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation