Тројца карабинери загинаа, а најмалку 10 војници и полицајци се повредени во експлозија што се случи за време на вчерашната полициска операција во селото Кастел Д’Акано, во италијанската покраина Верона.
Според првичните информации, експлозијата се случила во текот на евакуацијата на двокатна селска куќа, во која биле 3 лица. По експлозијата куќата се урнала, затрупувајќи ги припадниците на безбедносните сили.
Помеѓу повредените е и една жена од куќата, за која се претпоставува дека ја предизвикала експлозијата.
Сè уште не се познати причините за експлозијата и евентуалните мотиви за подметнување на експлозијата.