Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски изјави дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Министерството работат под строги правила кои мора да се почитуваат.
– Во делот на претходните истраги немам информација дали има епилог. Сигурно, кога ќе има, јавноста ќе биде информирана. Она што можам да го потенцирам во ова интервју е дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работат под строги правила кои мора да се почитуваат – истакна министерот во интервјуто за Радио Слободна Европа.
Министерот појасни дека министерството и Агенцијата работат на нулта толеранција во делот на злоупотреба на средства. Транспарентно се води целиот процес.
Тој ги повика сите граѓани кои имаат сознанија за можни пропусти да алармираат, по што веднаш ќе се преземат соодветни мерки.
– Самата Агенција и ревизорското тело редовно прават контроли во однос на исплатите по ИПАРД апликациите, со цел елиминирање на било каква злоупотреба – додаде министерот Трипуновски.
Според него, нема да се толерира злоупотреба на средства, а правилата за распределба на средства ќе се почитуваат максимално.
Tagged as:
Трипуновски ветува нулта толеранција за злоупотреби на ИПАРД-фондовите
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
