Тричасовниот скопски концерт беше дел од соло турнејата на Ник Кејв, без бендот „Бед сидс“, а го придружуваше само басистот на Рејдиохед, Колин Гринвуд. Во петокот тој првпат настапи пред македонската публика. Кејв бил и енергичен и меланхоличен, а и воодушевил со својата изведба.
Скопје ова лето беше домаќин на настан што долго ќе се памети! Легендарниот музичар, поет, писател и композитор Ник Кејв на публиката ѝ пружи ретка можност да го доживее во неговата најинтимна и најсуштинска форма. Концертот на ова дуо остави трајна емоционална трага кај сите кои имаа среќа да бидат таму, објави порталот Република.
Дел од почетокот на концертот се поклопи со натпреварот Вардар-Брера кој се играше на Градскиот стадион и се слуша бучното навивање. Во својот препознатлив стил, Кејв не дозволил на концертот да му попречи бучавата од навивачите од блискиот градски стадион.
– Ајде ние да направиме поголема бучава тука и да ги надвикаме оние на фудбалскиот натпревар – ркол Кејв.
Тој имал одлична интеракција со публиката и во неколку наврати раскажал како настанале некои од неговите песни. Но, интересно е тоа што токму на концертот во Скопје, Кејв отпеал повеќе песни одошто на останатите концерти од оваа турнеја што може да се види од листата на песни кои биле изведени во другите градови, пишува Република.
– Јас и Колин одлучивме да продолжиме со турнејата и да посетиме места во кои досега не сме настапувале. Во кои никогаш не сме биле. Да ги видиме нивните градби, да ја вкусиме нивната храна, а навечер да правиме концерти – рекол Кејв кој неколкупати во текот на настапот не го криеше воодушевувањето од публиката.
Во еден миг пејалот извикувал: „Ве сакам!“
Вирална фотографија од пејачот на социјалните мрежи
Тој, инаку, претходно бил забележан низ скопските улици во пресрет на неговиот концерт. Набргу откако бил забележан во центарот на Скопје, фотографии од него почнаа да кружат по социјалните мрежи, а една од нив стана вирална.
Кој е Ник Кејв?
Ник Кејв е австралиски музичар роден во 1957 година, поет и писател, познат по својата мрачна естетика и уникатен спој на рок, блуз и поезија.
Кариерата ја почнува со постпанк бендот The Birthday Party, а светска слава стекна со бендод Nick Cave and the Bad Seeds, со кој издаде повеќе од 15 албуми. Неговите песни честопати обработуваат теми како љубов, смрт, религија и искупување.
Кејв е исто така и автор на романи и филмски сценарија, а има компонирано музика за бројни филмови.
Неговиот личен живот е обележан со трагедии, загубата на двајца синови, што силно влијаело врз неговата понова музика. Денес важи за култна фигура на алтернативната сцена и за еден од највлијателните современи уметници.
Видео од неговиот настап во Скопје може да погледнете ТУКА.