Background

Три лица се под истрагата поради сомнение дека се дел од разоткриена шема за криумчарење луксузни автомобили од Бугарија, меѓу кои Тојота ЦХР вредна 22.500 евра, Лексус НХ300Х, вреден 15.000 евра и Ланд Ровер – Рејнџ Ровер Евок, вреден 17.340 евра

Три лица се под истрагата поради сомнение дека се дел од разоткриена шема за криумчарење луксузни автомобили од Бугарија, меѓу кои Тојота ЦХР вредна 22.500 евра, Лексус НХ300Х, вреден 15.000 евра и Ланд Ровер – Рејнџ Ровер Евок, вреден 17.340 евра, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.

За тројцата осомничени обвинител до судот предложил мерка притвор. Едниот од осомничените е надвор од државата, со што е предложено притворот да започне откако лицето ќе биде лишено од слобода.

„Дел од учесниците во оваа шема се претходно обвинети, против дел се веќе изречени пресуди, а за дел кривичниот прогон е препуштен на Република Бугарија, бидејќи станува збор за тамошни државјани“.

- Advertisement -
Ad image

ОЈО информира дека со вчерашната акција реализирана под координација на јавен обвинител, биле обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека првиот новоосомничен, во март 2022 година, преку граничниот премин Деве Баир, поттикнал и организирал криумчарење на автомобил Тојота ЦХР, вреден 22.500 евра, кој бил предмет на меѓународна потрага.

„Притоа искористил лажни таблички и лажни исправи кои му биле изготвени од лице кое сега е веќе осудено, па го регистрирал и извадил сообраќајна дозвола за возилото“, се вели во соопштението.

Втората осомничена, се вели понатаму во текстот, во август 2021 година поттикнала двајца бугарски државјани да извршат криумчарење на Лексус НХ300Х, вреден 15.000 евра кој исто така бил предмет на меѓународна потрага.

„Автомобилот го презела осомничената со фиктивен договор за купопродажба, а потоа со лажни бугарски таблички и лажни исправи извадил сообраќајна дозвола во земјава“.

Третиот осомничен, соопшти ОЈО, е управител на правно лице, кој за потребите на фирмата, на сличен начин, избегнувајќи ја царинската контрола, во државава од Бугарија внел автомобил Ланд Ровер – Рејнџ Ровер Евок, вреден 17.340 евра, со преправен број на шасија, а потоа со целосно лажни документи извадил сообраќајна дозвола за возилото.

„Под сомненија за кривично дело – Фалсификување службена исправа постапка е поведена и против две службени лица кои во времето на извршување на дејствијата биле вработени во управните служби на МВР и за кои постојат сомненија дека ги изготвиле и ги издале сообраќајните дозволи“, вели ОЈО.

За случајот се огласи и Министерството за внатрешни работи, потврдувајќи дека МВР до ОЈО поднело кривични пријави против лицата Д.К., Г.С. и С.С. за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи.

Исто така, кривични пријави заработиле и двајца службеници кои биле вработени во МВР во времето кога биле криумчарени возилата.

„Под сомненија за кривично дело – Фалсификување службена исправа пријава е поднесена и против А.К и А.Ш. службени лица кои во времето на извршување на дејствијата биле вработени во управните служби на МВР и за кои постојат сомненија дека ги изготвиле и ги издале сообраќајните дозволи“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation