Background

Трговскиот дефицит на САД достигна рекордни 140,5 милијарди долари во март, што е зголемување од 14% во споредба со февруари

Трговскиот дефицит на САД достигна рекордни 140,5 милијарди долари во март, што е зголемување од 14% во споредба со февруари, објави денеска Министерството за трговија на САД. Износот е највисок од 1992 година, кога министерството почна да објавува месечни извештаи.

Во однос на првиот квартал од минатата година, дефицитот е зголемен за 92,6%, бидејќи компаниите брзаа да увезуваат стоки во очекување на царините.

Најголем дефицит е забележан во трговијата со Европската Унија кој се зголеми од 30,9 милијарди долари во февруари на 48,3 милијарди долари во март. На второ место е Кина, со која САД регистрираа дефицит од 24,8 милијарди долари, а на трето место е Мексико со 16,8 милијарди долари. Трговскиот дефицит со Канада се намали во март на 4,9 милијарди долари.

- Advertisement -
Ad image

На почетокот на април, САД објавија царини од 10% за земјите од целиот свет. Единствено за Кина царините изнесуваат 145%.

Претседателот на САД Доналд Трамп потоа го одложи воведувањето на нови царини за 90 дена, објаснувајќи дека сака да обезбеди доволно време за преговори со трговските партнери.

Главна цел на воведувањето на високи царински стапки, како што беше соопштено од САД, е да се намали дефицитот во надворешната трговија на САД со светот, но во моментов има спротивен ефект. Увозот во САД се зголеми за 4,4% во март во однос на претходниот месец на 419 милијарди долари, додека извозот се зголеми за 0,2% на 278,5 милијарди долари.

САД редовно бележат дефицити во трговијата со стоки со светот, но суфицити во трговијата со услуги. Извозот на услуги се намали за 900 милијарди долари во март на 95,2 милијарди долари во однос на претходниот месец.

фото: Pixabay

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation