Тик-Ток повторно лансираше нов „чудотворен“ план на исхрана: Oatzempic. Овој напиток од овесни снегулки, вода и лимета ветува брзо губење на тежината и контрола на апетитот. Името е очигледна алузија на популарниот лек Оземпик, но експертите предупредуваат дека станува збор за потенцијално опасна модна диета, особено за деца и тинејџери.
Што е Oatzempic?
Станува збор за напиток направен со мешање на половина чаша овесни снегулки, една чаша вода и сок од половина лимета. Некои додаваат цимет, семе од чиа или ванила за подобар вкус. Неколку корисници на Тик-Ток велат дека овој пијалак им помогнал да се чувствуваат сити подолго време и да јадат помалку во текот на денот. Сепак, експертите истакнуваат дека ваквото однесување може да доведе до сериозни здравствени проблеми, пренесува Parents.
Прочитајте повеќе за ова и зошто е овој тренд опасен за тинејџерите, на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pexels