Background

Трамп соопшти дека САД распоредиле поголема воена армада во близина на Иран отколку силите што претходно биле концентрирани во близина на Венецуела

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД распоредиле поголема воена армада во близина на Иран отколку силите што претходно биле концентрирани во близина на Венецуела. Изјавата ја дал во интервју за порталот Аксиос, нагласувајќи дека состојбата во регионот брзо се менувала и дека останувала флуидна.

- Advertisement -
Ad image

– Имаме голема армада во близина на Иран. Поголема од Венецуела – изјавил Трамп, без да навлегува во детали за следните потези на Вашингтон.

Според објавата на „Аксиос“, американскиот претседател одбил да зборува за конкретните опции што му ги презентирал неговиот тим за национална безбедност, ниту за тоа која од нив ја сметал за најверојатна.

„Претседателот Трамп во интервју изјави дека ситуацијата со Иран останува флуидна, но одби да разговара за опциите што му се презентирани или која ја претпочита“, наведува порталот.

Изјавите дополнително ги засилиле шпекулациите за можни идни чекори на САД кон Техеран, особено по пристигнувањето на американски носач на авиони со придружна борбена група на Блиски Исток.

 

Два извори за Си-Ен-Ен изјвиле дека тоа што ударната група на носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ сега е во Индискиот Океан, ја згоелмува мжоноста за американските воени операции против Иран.

Во истото интервју, Трамп рекол дека верувал оти иранските власти биле заинтересирани за дипломатско решение на тензиите. Според него, подготвеноста за разговори била поттикната и од зголеменото американско воено присуство во регионот.

– Тие сакаат да постигнат договор. Го знам тоа. Се јавија во повеќе наврати дека сакаат да разговараат – изјавил американскиот претседател.

Претходно, Трамп јавно се закани дека ќе го нападне Техеран доколку иранската влада не го запре насилното задушување на протестите. Подоцна, реториката ја омекнал откако добил уверувања дека егзекуциите на притворени демонстранти биле запрени, но и по проценките дека евентуален напад не би им помогнал на демонстрантите во нивната цел за промена на режимот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation