Соединетите Американски Држави отпуштаат стотици илјади работници од владата како дел од планот за префрлање на работната сила во приватниот сектор, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп на Инвестицискиот форум САД-Саудиска Арабија.
– Па, ги сакам нашите федерални вработени, но тоа не е начин да се изгради земја. Под мојата администрација, тоа е рецепт за катастрофа, само помислете: 100% од сите нови работни места беа создадени во приватниот сектор. Всушност, го намаливме бројот на работни места во федералната влада – рече Трамп.
Трамп тврди дека под неговиот претходник, Џо Бајден, федералната влада била преоптоварена.



























