Трамп по состанокот со Зеленски ќе разговара телефонски со Путин

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа изјави дека, без оглед на исходот од денешните состаноци со него и со европските лидери, поддршката на Соединетите Американски Држави за Украина ќе остане цврста.

Тој вети дека ќе „ѝ помогне на Европа“ во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина по завршувањето на војната.

Додаде и дека прекинот на огнот не е неопходен и дека може да се постигне мировен договор додека војната сè уште трае.

На новинарско прашање дали „ова е крајот на патот за американската поддршка за Украина“ и дали „денешната средба е одлука – договор или не“, Трамп одговори:

– Никогаш не можам да го кажам тоа. Никогаш не е крајот на патот. Луѓе умираат и ние сакаме да го спречиме тоа. Затоа не би рекол дека е крајот на патот – одговори Трамп.

Трамп порача дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени на наоѓање решение што ќе доведе до крај на војната во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека неговата земја е подготвена да најде „дипломатски начин“ за завршување на војната со Русија, повторувајќи дека Киев сака трилатерален состанок со Москва и со Вашингтон.

На прашањето дали Украина е подготвена да ги „прецрта мапите“ како дел од мировниот договор или да „продолжи да испраќа војници во смрт уште неколку години“, Зеленски не даде директен одговор, но ги пофали напорите на администрацијата на Доналд Трамп да ја запре војната.

Зборувајќи за секојдневните руски напади, претседателот на Украина се потсети на смртоносниот ноќен напад врз Харков.

- Advertisement -
Ad image

– Мораме да ја запреме оваа војна, да ја запреме Русија. Ни треба поддршка од нашите американски и европски партнери – нагласи Зеленски.

Тој додаде дека Украина ја поддржува идејата на Соединетите Американски Држави и на претседателот Трамп да ја завршат војната „дипломатски“.

Зеленски истакна дека е подготвен за трилатерален самит со Трамп и со рускиот претседател Владимир Путин.

- Advertisement -
Ad image

На последното новинарско прашање дали Трамп сакаше нешто друго од неодамнешниот самит со Владимир Путин, американскиот претседател одговори:

– Тукушто разговарав со претседателот… Само индиректно разговарав со претседателот Путин и ќе имаме телефонски разговор веднаш по овие средби денес. Можеби ќе имаме трилатерален состанок – или можеби не. Ако нема, борбите ќе продолжат. Ако има, мислам дека имаме добри шанси, мислам дека ако има трилатерален состанок, има добри шанси можеби војната да заврши. Но, тој очекува мој повик штом ќе го завршиме овој состанок – рече Трамп.

Новинарот, кој во февруари го критикуваше Зеленски затоа што не носел костум при посетата на Белата куќа, овој пат го пофали за она што тој го нарече „фантастичен“ костим.

Средбата меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски пред новинарите траеше нешто помалку од половина час.

На почетокот на состанокот Зеленски му даде писмо на Трамп и му кажа дека е наменето за првата дама на Америка, Меланија Трамп.

– Мојата сопруга, првата дама на Украина, го даде писмото. Не е за тебе, туку за твојата сопруга – рече Зеленски.

Минатата недела, Трамп достави писмо од Меланија Трамп до рускиот претседател Владимир Путин на самитот во Аљаска. На новинарско прашање во врска со тоа писмо Трамп рече дека таа му напишала дека очекува да престане страдањето на децата.

По билатералниот состаник Трамп и Зеленски одржуваат состанок со европските лидери кои дојдоа да му даат поддршка на украинскиот претседател. На тој состанок се разговара конкретно за безбедносните гаранции за Украина по евентуалното постигнување на мировниот договор за крај на војната во Украина. Идејата е за Украина да важи нешто како членот 5 од договорот за НАТО со кој се обезбедува дека земјите членки меѓусебно ќе се бранат од напади од други земји.

На состанокот покрај Трамп и Зеленски присуствуваат германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, финскиот претседател Александар Стаб, британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. На почетокот од средбата сите истакнаа дека сакаат мир.

Share This Article