Претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ нареди на својата администрација да ја забрза изградбата на нуклеарни реактори и да ја преиспита регулаторна рамка насочена кон „избегнување ризик“ како дел од планот за четирикратно зголемување на капацитетот за производство на нуклеарна енергија во земјата до 2050 година, објави Фајненшл тајмс.
Претседателот потпиша 4 извршни наредби со кои му наложи на Министерството за енергетика да го олесни почетокот на изградбата на 10 големи нуклеарни реактори до 2030 година и да обезбеди финансиска поддршка за надградби на постојните реактори.
Во соопштението за наредбите на Трамп, Белата куќа наведува дека Комисијата за нуклеарна регулација има наложено пракса „на претерано избегнување ризик“ што бара од нуклеарните постројки да испуштаат што е можно помалку емисии, вклучително и под природните нивоа.
Останатите мерки од наредбите вклучуваат рок од 18 месеци за одобрување нови реактори од страна на комисијата и зголемување на капацитетите на САД за рударство на ураниум и за производство на нуклеарно гориво. Со наредбите, исто така, се повикуваат министерствата за енергетика и за одбрана да го олеснат развојот на реактори на федерално земјиште.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
