Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четврток дека има намера да ги прогласи годишнините од крајот на двете светски војни, кои се одбележуваат на 8 мај и 11 ноември, за Денови на победата.
„Ќе го преименувам 8 мај во Ден на победата во Втората светска војна, а 11 ноември во Ден на победата во Првата светска војна“, објави Трамп на својата онлајн платформа Truth Social.
8-ми мај, кој се слави во Западна Европа (Русија слави на 9-ти мај), не е празник во Соединетите Американски Држави.
11 ноември е и е наречен Ден на ветераните во чест на американските воени ветерани.
„Многу наши сојузници и пријатели го слават 8 мај како Ден на победата, но ние направивме повеќе од која било друга земја, многу повеќе, за да ја добиеме Втората светска војна“, истакна Трамп.
„Добивме две војни, никој не ни беше рамен во однос на силата, храброста и воениот гениј, но никогаш не славиме ништо. Тоа е затоа што немавме водачи кои знаеја како да го прават тоа!“ рече тој.
„Ќе почнеме да ги славиме нашите победи!“
Трамп сè уште не потпишал извршна наредба за таа цел.