Новите мерки од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучително и укинувањето на даночниот кредит од 7.500 долари за купување нови електрични возила, би можеле значително да ја погодат американската индустрија за електрични возила, предупреди извршниот директор на Форд, Џим Фарли.
– Не би ме изненадило ако уделот во продажбата на електрични возила во Соединетите Американски Држави падне на 5% – рече Фарли на настан во Детроит.
Eлектричните автомобили сочинуваат околу 10% од американскиот пазар.
Падот на побарувачката веќе влијае на финансиските резултати на компанијата.