Трамп ги повлече САД од Светската здравствена организација

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател, Доналд Трамп, им нареди на САД да се повлечат од Светската здравствена организација, јави ДПА.

Трамп потпиша извршна наредба за таа цел во Белата куќа, само неколку часа по преземањето на функцијата.

„Светската здравствена организација нѐ ограбува. Сите ги ограбуваат САД, но тоа повеќе нема да се случи“.

Според СЗО, САД се најголемиот донатор и партнер на организацијата.

САД обезбедија 1.284.000.000 долари во 2022 и во 2023 година.

Во 2020 година, Трамп ги повлече САД од СЗО, обвинувајќи ја организацијата дека не успеала да се справи со пандемијата на коронавирусоит и дека е марионета на Кина. На неговиот прв ден како претседател во 2021 година, Џо Бајден ги врати САД во СЗО.

Share This Article