Топ Вести - Слушај сега
Денес на градските гробишта во Охрид, потресеното семејство и охриѓани го испратија на вечно почивалиште младиот охриѓанец Кристијан Љушев, кој трагично загина при работа. Но додека над гробот се спушташе земја, во јавноста се поставува прашањето: дали со чинот на погребување, по некоја стара македонска навика, ќе биде погребана и правдата?
Според информациите , младиот Љушев трагично загинал додека работел на монтажа на мебел во недовршен стан. Она што го прави случајот уште поболен е фактот дека работникот Љушев не бил осигурен, а објектот во кој работел бил надвор од сите законски процедури.
Редакцијата на Охридскај соопшти дека градилиштето беше експресно затворено по трагедијата, повикани се осомничени, но без конкретни мерки против одговорните лица. Ова укажува на познатата пракса во земјава каде што трагедиите се третираат како процедурални инциденти, а не како криминална одговорност.
Семејството на Кристијан и јавноста бараат одговори на неколку клучни прашања:
Кој е одговорен за безбедноста на работникот? Според достапните информации, Љушев работел за фирмата за производство на мебел HOME FOR YOU (ИМОБИЛАРЕ), чиј сопственик е Стефан Митаноски. Наводите укажуваат дека работникот бил испратен да монтира мебел во објект кој не ги исполнувал безбедносните стандарди, и тоа без соодветна осигуреност.
Зошто полициецот Жарко Лазоровски, екс-началник на СВР Охрид, останува на работа? Објектот во кој се случила трагедијата наводно му припаѓа на Лазоровски. Поставува се прашањето дали станот бил со сите потребни дозволи и инспекциски согласности, и зошто надлежното лице од безбедносните структури не е соочено со последици.
Каде е основниот јавен обвинител Стојанче Арнаудов? Медиуми критикуваат дека нема конкретни чекори од страна на обвинителството. Експресното затворање на градилиштето и повикувањето на осомничени не се доволни ако не следуваат реални правни постапки.
Што го прави случајот уште построшен е молкот и отсуството на емпатија од страна на оние што носат одговорност. Како што дознава Охридскај, ниту еден од виновниците не се јавил кај семејството да изрази сочуство. Ова ја покажува длабоката морална криза во која се наоѓаат некои од вклучените страни.
Премиерот Христијан Мицковски, министерот за правда Филков ,Министерот за полиција Тошковски и Државниот јавен обвинител сè уште не реагирале јавно за случајот. Македонската јавност е навикната на ваква тишина – молк кој често претходи на заборавување на трагедиите.
Оваа трагедија не смее да заврши како безброј други во Македонија – заборавена, минимизирана, погребана. Прашањето не е само правно, туку и морално: дали една држава која дозволува младите луѓе да гинат поради алчност, немар и некомпетентност може да очекува иднина?
Правдата за Кристијан Љушев бара:
Редакцијата на Охридскај најави дека нема да дозволи случајот да заврши во заборав. Остануваат прашањата: дали ќе не следат и другите медиуми, дали ќе реагираат институциите, и најважно – дали Македонија конечно ќе престане да ги погребува своите млади заедно со правдата.
Правда за Кристијан Љушев мора да има.
Сашо Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
