Во рамките на коалицијата траат разговорите, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали се утврдени ресорите со партенрерот ВРЕДИ во контекст на најавените промени во составот на Владата.
Мицкоски, кој денеска беше на поставување камен темелник за изградба на нова детска градинка во Гази Баба, прашан дали ќе има промени на ресорите чии први луѓе доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека партијата во овој момент е фокусирана на организирање на партискиот конгрес кој треба да се одржи на 6 декември во Кавадарци.
За тоа кога ќе продолжи изборот на Народен правобранител, премиерот рече дека очекува тоа да се случи во брзо време имајќи предвид дека локалните избори завршија.
Мицкоски, на означувањето на почетокот од изградбата на новата детска градинка, рече дека Владата продолжува со реализација на проектите.
– Тоа што е ветено, треба да се реализира – подвлече премиерот.
Премиерот исто така денеска ги повика сите студенти во земјава да аплицираат на повикот за ваучер во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уред.
Tagged as:
Траат разговорите за новите ресори во Владата
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖