Background

Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ, денеска во Белград потпишаа договор за воспоставување заеднички контроли на Табановце-Прешево. Овој договор воведува „One Stop“ систем на граничниот премин. Системот има цел да се забрза протокот на луѓе и стоки, да се поттикне трговијата, туризмот и пријателството меѓу двете земји.

– На мое огромно задоволство го потпишавме договорот врз основа на кој нашите две држави ќе имаат заедничка контрола на граничниот премин Табановце-Прешево со што ќе овозможиме побрз трансфер и проток како на стоки и услуги, така и на луѓе на нашата граница. Со имплементација на системот очекуваме за двојно да се забрза трансферот на луѓе, а по потпишување и ратификација на договорот ќе можеме да започнеме со тест фазата од аспект на техничко решение и се надеваме дека пред почетокот на летната сезона ќе можеме и официјално да го ставиме во функција и да го забрзаме протокот на луѓе – изјави министерот Тошковски.

Тошковски истакна дека соработката со српската полиција продолжува успешно, особено во борбата против криминалот. Тој потврди дека и ова лето ќе продолжи размената на полициски службеници, со српски полицајци во Охрид и македонски на настани во Србија.

- Advertisement -
Ad image

Министерот Дачиќ објасни дека договорот за заедничките контроли на Табановце-Прешево ќе го олесни преминувањето на границата.

– Денес го потпишавме договорот меѓу двете влади за воспоставување на заеднички контроли за меѓународен патен сообраќај Прешево-Табановце каде воспоставуваме нов процес на работа кој има за цел поедноставување на комплетната процедура на граничните проверки така што полициските службеници на земјата домаќин ќе бидат овластени покрај влезната гранична контрола на својата земја ќе ја извршат и излезната гранична контрола на соседната земја. Така го воспоставуваме ‘One Stop’ системот со едно место на контрола – рече Дачиќ.

Системот ќе овозможи полициските службеници на една земја да вршат и влезна и излезна контрола, намалувајќи го времето на чекање.

Тошковски најави дека по ратификацијата на договорот ќе започне тест-фазата за техничкото решение. Целта е системот да биде функционален пред летната сезона, за да се забрза протокот на туристи и патници. Дачиќ додаде дека „One Stop“ системот веќе е имплементиран со Косово на премин Блаце-Елез Хан, а наскоро се очекува и со Албанија. Со тоа, Македонија ќе го има овој систем со сите соседи надвор од ЕУ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation