Толпа гладни Палестинци вчера го ограбија складиштето на Светската програма за храна (ВФП) во Деир ел Балах, во централниот дел на Појасот Газа, а според првични извештаи, најмалку четворица загинаа, од кои двајца во стампедо, а двајца од огнено оружје.
Од ВФП потврдија дека „орди гладни луѓе провалија во складиштето во потрага по храна“. Толпата однела вреќи со брашно и прехрана, но и палети и штици, не оставајќи ништо зад себе. На видеа од агенцијата Франс прес се слушаат и ијави и истрели, а одредени извори наведуваат дека некои биле истрелани за време на хаосот.
„ВФП постојано предупредуваше за влошување на ситуацијата и ризиците од ограничување на хуманитарната помош за гладните луѓе на кои очајно им е потребна помош“, се наведува во соопштението.
Организацијата побара „безбеден и непречен хуманитарен пристап“ за да може храната да се дистрибуира уредно и навремено. Засега, ВФП сè уште ги проверува информациите за два смртни случаи и неколку повредени лица.
Медицински извори од болницата Ал-Акса потврдија дека две лица починале во турканицата, а уште две биле убиени од огнено оружје.