Тик-Ток соопшти дека апликацијата ќе биде „привремено недостапна“ денеска во САД, каде што стапува на сила законот за забрана на платформата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тик-Ток соопшти дека апликацијата ќе биде „привремено недостапна“ денеска во САД, каде што стапува на сила законот за забрана на платформата.

Корисниците на социјалната мрежа при најавувањето беа пречекани со порака во која се вели дека законот „ќе нè принуди нашите услуги да ги направиме привремено недостапни“.

„Ние сме среќни што претседателот Трамп сигнализираше дека ќе работи со нас, за да најдеме решение за обновување на Тик-Ток, откако ќе ја преземе функцијата. Ве молиме останете во тек“, се вели во пораката.

Вчера корисниците сè уште можеа да продолжат да ја користат апликацијата и покрај пораката. Сепак, од денеска, апликацијата повеќе не е достапна за корисниците во САД и не е достапна во онлајн продавниците на „Епл“ и „Гугл“.

Share This Article