Тешка сообраќајна несреќа се случи вечера попладне во Чаир – прегазено е дете, кое етешко повредено, информира полоцијата.
„На 12.10.2025 година во 17.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Максуд Садик во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во 7-годишно дете пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, се додава во соопштението.