Background

Тенисерката ужива по разводот од Швајнштајгер

Поранешниот германски фудбалер наводно ја оставил поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ поради својата љубовница Силва, но убавата Србинка го живее својот живот како и порано, па затоа честопати се појавува во јавноста.

Шампионката на Гренд слем се посветила на себе, па сега ужива со своите пријатели и со својата мајка во Фиренца. Таа сподели фотографии од Италија на својот Инстаграм профил, со порака што привлече големо внимание.

„Навистина уживав во времето што го поминав со моите девојки. Ова требаше да се случи одамна”, напиша Ивановиќ, која пред неколку дена покажа дека и по завршувањето на кариерата, се грижи за својот физички изглед и редовно тренира.

- Advertisement -
Ad image

Инаку, Ана изгледа одлично, не ја симнува насмевката од лицето и на фотографиите може да се види дека ужива во животот. Се чини дека разводот ѝ одговара на српската тенисерка бидејќи изгледа како милион долари.

За потсетување, Ана и Бастијан не живеат заедно со месеци, германскиот „Билд” неодамна објави видео од Бастијан и од неговата љубовница како се бакнуваат на плажа. Фотографите дури ги фотографирале Ана и Силва додека ги земале своите деца од училиште, а Бастијан со месеци ја криел својата врска со Бугарката, која има 2 сина и која оди на училиште со неговите постари деца.

Ана и Бастијан поднеле документи за развод во Швајцарија, наводно поради брзината и ефикасноста на законската постапка во таа земја.

Иако ниту еден од нив јавно не коментирал за ситуацијата, извори блиски до двојката тврдат дека Бастијан бил тој што го иницирал разводот.

Иако германските медиуми пишуваат дека физичката дистанца довела до емоционален, а на крајот и до пропаѓање на бракот на Ана и Швајни, очигледно е дека причината е изневерувањето на Германецот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation