Сaраево денеска се збогува со Халид Бешлиќ, човекот чија музика и доброта спојуваше народи и генерации.
Комеморацијата се одржа во 11 часот во Народниот театар, по што следуваше погребна служба во џамијата Гази Хусрев-бег. Следува погреб на градските гробишта Баре, каде што се очекуваат десетици илјади луѓе.
Погребнаата церемонија во живо можете да ја следите тука:
Во Федерацијата Босна и Херцеговина и во округот Брчко е прогласен Ден на жалост.
Многубројни пријатели, соработници и членови на семејството се собраа за да се сетат на сè што Халид остави зад себе, не само во однос на музиката, туку и во однос на љубезноста и човечноста.