Tаравари ќе биде во владата уште некој ден, вели градоначалникот на Тетово и претседател на движењето Беса, Билал Касами, пренесува Алсат ТВ.
Според него, во наредните денови ќе има конкретни активности од страна на премиерот во таа насока. Касами повтори дека во владата нема место за ДУИ,
– Ќе видиме до кога, уште некој ден. Се договоривме за тајмингот на активностите кои ќе треба да се преземат во наредните денови, но она што е важно и она што го кажавме, нема соработка на Владата со ДУИ. Ова го договоривме со премиерот и, се разбира, ќе има конкретни активности во наредните денови – рече Касами.
Премиерот Мицкоски по првата, најави нова средба со Таравари до крајот на месецот.