СВЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД 11-ТИ ОКТОМВРИ

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во пресрет на 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ во втората светска војна, денеска во Општина Охрид се одржа пригодна свеченост во чест на големиот празник. Пред присутните свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.

IMG_9693– Народоносолободителната борба претставува симбол на непокорот, достоинството и вековната борба за мир и правдина. Преку пожртвуваноста на нашите херои се изгради темелот на македонската државност и идентитет.

‎Револуционерната борба на Македонскиот народ е доказ дека слободата не се подарува, таа се заслужува преку единство, визија и храброст.

‎11-ти октомври е жива меморија, тој ја претставува свесноста и сплотеноста на една  генерација која избрала да не молчи, со решителност, поголема од стравот и со силна идеја, посветла од темнината на ропството.

‎Охрид и Дебрца дале многу храбри луѓе за оваа слобода која ја живееме денес. Тоа не се само имиња на споменици, тоа се нашите предци, нашите роднини, соседи и пријатели, чии животи се вткаeни во слободна Македонија. Нивната жртва е темелот врз кој е изградена нашата држава.

‎Денес ја имаме честа да им оддадеме достојна почит, но не само со зборови, туку и со ветување дека нивната борба нема да биде заборавена и дека ќе го чуваме нивното големо дело како аманет за идните поколенија.

‎Почитувани, Слободата која ја имаме денес не е само привилегија, таа е наша одговорност, па затоа треба да ја вредуваме со знаење, љубов и решителност. Да продолжиме да бидеме свои на своето и горди на се што е македонско! Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на народното востание! Нека живее нашиот Охрид, нека живее Македонија, слободна, достоинствена и сплотена!, истакна Пецаков во своето обраќање.

‎Во името на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца, пред присутните се обрати претседателот на организацијата Гоце Георгиески.

‎‎Програмата беше збогатена со културно уметничка програма во која учествуваа Андријана Билаловиќ – Тодороска со изведба на делови од „Пиреј“ на Петре М. Андреески, академските музичари Мила Тренеска и Билјана Буџакоска и членовите на КУД  “Гердан од бисери“.

 

Share This Article