Судот во Солун донесе одлука за екстрадиција на 34-годишен државјанин на Македонија во Германија, каде што се товари за грабеж и убиство на 81-годишен маж во германскиот град Библис

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Судот во Солун донесе одлука за екстрадиција на 34-годишен државјанин на Македонија во Германија, каде што се товари за грабеж и убиство на 81-годишен маж во германскиот град Библис. Информацијата ја објави грчкиот весник „Катимерини“.

Настанот се случил на 9 февруари, како што пренесуваат германските медиуми, кога телото на 81-годишниот маж било пронајдено од роднини во неговиот стан на улицата Линденштрасе, во градот Библис, два дена подоцна. Обдукцијата потврдила дека мажот најверојатно бил жртва на насилно злосторство – случајот веднаш бил преземен од обвинителството во Дармштат и одделот за кривични истраги во Хепенхајм.

Полицијата и канцеларијата на јавниот обвинител соопштија дека околностите упатуваат на убиство. За случајот е формирана специјална истражна единица со кодно име „1002“, составена од над 20 полицајци. Отворена е и телефонска линија за потенцијални сведоци кои би можеле да помогнат со информации.

Осомничениот 34-годишен Македонец бил уапсен во мај на граничниот премин Евзони, при рутинска проверка, кога било утврдено дека против него е распишана европска потерница. Според германското обвинителство, тој престојувал во Германија на службено патување со сограѓани, а сместувањето било организирано кај жртвата. Тој и соизвршителите, наводно, го врзале 81-годишниот маж, му ја затвориле устата и го ограбиле, што довело до смрт поради задушување.

На судењето пред Апелациониот суд во Солун, осомничениот побарал да не биде екстрадиран, тврдејќи дека семејството од Велес полесно ќе може да го посетува ако остане во Грција. Но, грчкиот суд не го прифатил тоа барање и одобрил негова екстрадиција во Германија.

Share This Article