Судот во Њујорк потврди дека раперот Шон „Диди“ Комбс го отфрлил договорот за признавање вина од федералните обвинители, кој би му овозможил намалена затворска казна во замена за признание на делата, објави Би-Би-Си њуз.
Музичарот се појавил на суд во четвртокот, носејќи очила и беж затворска униформа. Пи Диди изгледал расположено и им мавнал на присутните во салата при пристигнувањето.
Одлуката е донесена само 3 дена пред почетокот на судењето, кое вклучува сериозни обвиненија за рекетирање, трговија со луѓе и за организирање проституција.
Судијата лично го прашал музичарот дали ја одбил понудата на обвинителите.
– Да, одбивам, чесен Судијо – одговорил Комбс на сослушувањето.
Деталите за одбивањето не се објавени. Судењето започнува в понеделник со избор на порота, додека воведните зборови се закажани за 12 мај.
Комбс се соочува со доживотен затвор доколку биде осуден по сите точки од обвинението.
Обвинителите тврдат дека познатиот продуцент со години користел принуда за да ги натера жените на секс за време на неговите таканаречени „бели забави“. Во обвинението се тврди дека тој водел криминална организација која систематски злоупотребувала повеќе жртви низ целата земја.
Еден од клучните сведоци ќе биде неговата поранешна партнерка, пејачката Кеси Вентура, која јавно го обвини за силување и за долготрајно злоставување во 2023 година. Тој случај бргу беше решен надвор од судот, а деталите од спогодбата не се познати.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
