Background

Судењето за случајот „Штекли“, во кој повеќе лица се обвинети за организирана продажба на дрога, се одложува за 9 октомври, на барање на адвокатот на првообвинетиот Раде Трајковски Штикли

Судењето за случајот „Штекли“, во кој повеќе лица се обвинети за организирана продажба на дрога, се одложува за 9 октомври, на барање на адвокатот на првообвинетиот Раде Трајковски Штикли.

Штекли пред почетокот на денешното рочиште имал некој вид епилептичен напад и паднал во судница. По укажана помош од лекари од брза помош, Штекли одбил да прими терапија, а Судот донесе одлука рочиштето да продолжи да го следи од друга просторија во Судот.

– Го прегледавме. Беше контактибилен, самиот кажа дека не знае каде се наоѓа. Не сака да прими терапија, бидејќи пиел друга терапија во затвор. Не сакаше да потпише изјава дека одбил терапија – рече лекарката.

- Advertisement -
Ad image

Адвокатот на Штекли, Сашко Дуковски пред Судот реагираше дека епилептичен напад на лице со констатирана епилепсија никако не може да биде нарушување на редот во судницата.

– Од почнувањето на оваа расправа до сега Раде Трајковски ниту го навреди, ниту наруши редот во оваа судница. Непосредно пред почетокот на главната расправа добил епилептичен напад. Обвинетиот вчера бил прегледан и дадена му е терапија од психијатар, со оглед на суицидални идеи. Мора да приметам дека лекарот од општа пракса од Брза помош немаше доблест да каже дали денес примил терапија, зашто ако не примил, еден од можните исходи е ова – изјави Дуковски.

Дуковски нагласи дека посебено сака да се забележи дека на одбраната во ниту еден момент не ѝ е во корист да се одолговлекува судењето.

– Не може да биде нарушување на ред, одбивање на „дијазепам“ од десет милиграми. Што треба да го направи тука, растение да биде и да следи рочиште? Јас не можам по ова денеска да вршам испрашување и вкрстени прашања. Затоа се обраќам до Судот да се даде датум да се изврши ова сослушување, а затворскиот лекар да види дали Штекли има примено или не денеска терапија – изјави Дуковски.

Судијата Илија Трпков, нагласи дека целта на Судот е судењето да биде економично и ефикасно и да се испочитуваат сите права на обвинетите и секако да се грижи за здравствената состојба на обвинетите.

– Во овој предмет не е само Раде. Тука се и други обвинети. Но, со оглед дека имате 20-тина прашања, а сега е веќе 14 часот и да бидеме практични, главната расправа се одложува за 9 октомври. Но, ве уверувам дека сите обиди за одолговлекување ќе бидат санкционирани – изјави судијата Трпков.

Обвинението, поднесено од Обвинителството за гонење на организиран криминал, опфаќа вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага во која биле применети посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.

Четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков, исто така, поднесоа предлог за признавање вина, по што Судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка.

Според Обвинителството, групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat, а клучни докази биле обезбедени преку „Cellebrite“ системот за анализа на мобилни телефони, донација од САД.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation