Судан го призна Косово, потврди косовската претседателка Вјоса Османи, најавувајќи воспоставување дипломатски односи.
Веста за признавањето Османи ја соопшти по средбата со министерот за надворешни работи на Судан, Али Јусеф Ал Шариф, на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, пренесува КоСсев.
– Ми беше чест и задоволство да се сретнам со министерот за надворешни работи на Судан.
Суданскиот министер ја истакна важноста на оваа одлука, заблагодарувајќи му се на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган за организирањето на Форумот во Анталија.
„Почестен сум и привилегиран што претседателот на мојата земја ме испрати денеска овде. По средбата со претседателот Ердоган, што беше добар знак за овој собир во Турција, решивме да ја препознаеме вашата прекрасна земја. Во име на мирољубивиот народ на Судан, изразувам голема почит кон вашата земја, како нов член на меѓународната заедница“, рече суданскиот министер.